Во март прва средба на Меркел и Трамп во Вашингтон

од desk2
95 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 март во Вашингтон ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп, соопштија извори од Владата во Берлин.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, првата средба меѓу двајцата лидери ќе се случи за време на официјалната посета на Меркел на САД.

Меркел во Вашингтон патува откако Трамп во јануари во интервју за весникот „Билд“ изјави дека таа треба да се срами од германската политика на отворени врати за бегалците и по заканите за воведување на царини за германските производи на американските пазари.

Во истото интервју Трамп рече и дека има голема почит кон Меркел, која ја нарече „фантастичен лидер со кој ќе негува отворени односи“, истовремено обвинувајќи дека ЕУ е „возило“ кое Берлин го злоупотребува за свои интереси.