Во Маврово загуби членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, враќаат од СДСМ

од Vladimir Zorba
235 прегледи

„Многу е интересно да се гледа ВМРО-ДПМНЕ како поразот, или дебаклот на вонредните локални избори неуспешно, од петни жили се мачи да го претстави како некаков си голем успех“, реагираат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и за Христијан Мицкоски бидејќи добија жежок шамар од граѓаните и ние тоа го разбираме.

Особено што кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа.

Во Маврово Ростуше загуби кандидтот на Мицкоски којшто патем е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа и Мицкоски со денови го нема, макар да напишеше нешто на Фејсбук.

Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега.

СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.

Толку со лажните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, се покажа дека се неточни и лажни“, додаваат оттаму.

Слични содржини