
Кулата се наоѓа во близина на храмот на Уицилопочтли, бог на сонцето, војната и специјален заштитник на аристократијата. Таа е со дијаметар од околу 6 метри, што ја прави една од најголемите, досега откриени. Древната структура од остатоци е спомната во мемоарите на шпански војник од времето на конквистадора Хернан Кортез уште во 1521 година. Војникот пишува дека се преброени околу 10 000 черепи, што значи дека допрва ќе се откриваат уште човечки остатоци, сметаат научниците.