Не сум го видела настанот, меѓутоа во минатото сум гледала џентлменски однос на господинот Трајко Славеси и особено на господинот Мицкоски. Од него не слушнавне ниту еден навредлив збор за Данела Арсовска, вели пратеничката Гордана Силјановска-Давкова.
-Говорам пред се за моето кусо парламентарно искуство. Навистина уште многу време е потребно за родова активност и ние жените имаме голема вина за тоа, бидејќи ако не се почитуваме себеси, ако не дадеме солидарност на женската рамноправност… Мислам доаѓа времето на жените и ако тоа не го сфатиме, се откажуваме од многу ум и креација, додаде Давкова во емисијата „Само интервју“.
Вчера претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевески на вонредната советничка седница се симна од своето место и го одзема микрофонот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
-Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде, ѝ рече Славески.