Во мирување штрајкот на Струковиот синдикат на контролори на летање

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ.

-По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во сирување. Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Слични содржини