Вечерва, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на Филип Фидановски, насловена „Причина“.

Делата за оваа изложба се направени во 2017 година, а дел годинава во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.
Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година, а дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија.