Во МНР има предлози Џамбаски да се прогласи за персона нон грата, но засега не треба да ја играме неговата игра, рече Османи

од Nikola Popovski
222 прегледи

Целта на господинот (Џамбаски) колку што е да провоцира, е и да се самопромовира, за да предизвика реакција кај нас и таа да ја искористи во својата политичка кариера. Тој е маригнален лик, не можеше да влезе ниту во Парламентот. Нив им треба по секоја цена внимание, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за постојаните провокации на бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.

Османи потенцира дека самиот дал сугестија во сооопштението на МНР да се пише „маргинален политичар“, а не со име и презиме, после минатонеделните изјави на европратеникот при чествувањето на 95-годишнината од смртта на револуционерката Мара Бунева на спомен-плочата во Скопје.

-И ние ова го разговаравме во МНР, има предлози да се прогласи Џамбаски за персона нон грата. Со ова што јас пет минути давам изјава за овој маргинален лик, јас веќе му правам услуга и тој ја постигнува својата цел. Најважно е што бугарското МНР веднаш излезе и ги осуди тие изјави. Бугарската влада ги претставува бугарските граѓани. Ако ескалира состојбата, може ќе го смениме мислењето и ќе мораме да донесеме таква одлука. Засега сметаме дека не треба да ја играме неговата игра и треба да имаме наша стратегија. Не треба да им се тежина на такви маргинални провоктори, кои што нивното општество не ги одобрува, кажа Османи како одговор на новинарско прашање дали се планира Џамбаски да биде прогласен за непожелна личност во Македонија.

Слични содржини