Во Москва 800 бетонски блокови поради безбедност

од desk2
118 прегледи

Околу 800 бетонски блокови ќе бидат поставени на најпрометните места во Москва пред 30 декември поради безбедност за време на новогодишните празници, соопшти градската служба на Москва.

„Според нив, бетонските блокови ќе бидат поставени во близина на најпрометните метро станици и на други места каде се очекуваат масовни собири.

„Систематско организирање безбедносни зони, оградени со бариери кои спречуваат возила да влезат во пешачки зони, се спроведува веќе неколку години во Москва. Во очи на прославата од големи размери, посебно внимание се обрнува на безбедносни мерки“, се вели во соопштението.

Сите служби за безбедност во Москва се во состојба на подготвеност.

За време на прославата мерките за безбедност во градот ќе бидат посебно зајакнати. Покрај подигнување бетонски бариери, ќе бидат поставени и сигурносни камери со помош на кои ќе се следи состојбата.

Покрај тоа, на влезовите во области каде ќе се одржуваат прослави, полицајци со рачни детектори за метал ќе ги проверуваат посетителите.

Повеќе од 46.000 припадници на силите за безбедност ќе ја обезбедуваат Москва од 30 декември до 8 јануари, наведува Тасс.