Во Муртино откриено комбе со 25 мигранти, возачот побегнал

од Берта Китинска
344 прегледи

Граничната полиција синоќа забележала комбе „Форд“, со штипски регистарски ознаки, кое влегло во селото. Набргу потоа, возачот го напуштил возилото и побегнал, а во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 14 од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран.

Мигрантите биле задржани во полиција, а по возачот се трага..

Обидите за криумчарење на мигранти зачестија откако изби кризата на грчко-турската граница.

Според познавачите, станува збор за мигранти кои подолг период се заглавени во Грција, а сега ја користат ситуацијата во која грчката полиција е сконцентрирана на турската граница за да го продолжат патот кон запад.

Слични содржини