Во напад со автомобил бомба во Сомалија загинаа најмалку 17 луѓе

од Vlatko K
138 прегледи

Седумнаесет луѓе загинаа и повеќе од 25 се ранети во напaд со автомобил бомба во Могадишу.

Одговорноста за нападот извршен во близина на контролен пункт на главниот пат кон меѓународниот аеродром ја презеде Ал Шабаб, африкански крило на Ал Каеда.

Возилото се скршнало од движењето по главниот пат и се упатило кон влез на хотел по што бил активиран експлозивот во него.