За време на агресивните напади на мајмуни во јапонскиот град Јамагучи, повредени се 42 лица, поради што полицијата прибегнала кон употреба на пиштоли за смирување, објави „Гардијан“.
Јапонските макаки, вид мајмуни кои се повеќе го напаѓаат населението на Јамагучи, се сметаат за штетници во ова поднебје бидејќи групите често ги уништуваат посевите, ги напаѓаат домовите и оставаат штети по нив.
Бранот на напади на мајмуни во Јамагучи на западот на земјата беше невообичаен, при што возрасните и децата се здобија со повреди, вклучувајќи гребнатинки и каснувања.
„Целиот град Јамагучи е опкружен со планини и не е реткост да се видат мајмуни. Но, ретко е да се видат толку многу напади во краток временски период“, изјави градскиот функционер од одделот за земјоделство.
Повредите досега беа главно полесни, но властите се свртуваат кон пиштоли за смирување откако стапиците што ги поставија не успеаја да фатат ниту еден од мајмуните.
„На почетокот, само деца и жени беа изложени на напади. Неодамна, на мета беа и постари луѓе и возрасни мажи“, рече претставникот.
Напади од мајмуни во Јамагучи беа пријавени на 8 јули, а полицијата не успеа да фати ниту еден од „напаѓачите“.