Во нападот на муслиманскиот храм во Пакистан досега загинаа 52 лица, 105 се ранети

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Во бомбашкиот напад во муслиманскиот храм во јужен Пакистан досега загинаа 52 лица, а 105 се водат за ранети, јави Министерството за внатрешни работи на провинцијата Белуџистан, цитирано од француските медиуми.бомба

Според некои полициски извори, ова е самоубиствен атентат, извршен од 14-годишно момче.

Одговорноста за нападот ја презеде групата Исламска држава, пренесе ТАСС.

Претходно вчера  експлозија го потресе шиитскиот храм во градот Хуб, во пакистанската провинција Белуџистан. Експлозијата се случи во моментот кога во храмот се одржуваше религиозна церемонија. Меѓу жртвите има многу жени и деца.

Нападот е извршен во внатрешниот двор на храмот „Хазрат Баба Шах Нурани“. Храмот се наоѓа на 100 километри северно од пристанишниот град Карачи.

Пакистанската армија испрати 100 војници, четири медицински екипа и 45 возила на брзата помош, како и два хеликоптера да помогнат во спасувачките активности, пренесе ДПА.