Во наредните 6 месеци ќе ги решиме отворените прашања со Бугарија, тврди Каевски

од Nikola Popovski
230 прегледи

Ова што се случуваше изминатата недела во Скопје и Софија е чекор кон деблокада и верувам дека со ваков искрен чесен, отворен и јавен пристап кон решавањето на сите отворени прашања во делот на спорот со Бугарија, можеме да дојдеме до решение, кое ќе го деблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“.

Пратеникот смета дека во наредните 6 месеци ќе ги надминеме сите овие отворени прашања, при што ќе се зачувуваат црвените линии и достоинството.

-Тоа се главните принципи и идеал за кој се залага оваа влада. Реално сум оптимист затоа што сетоа она што се случуваше изминатата недела и целиот последен период донесе позитивни сигнали и покажа дека Македонија е на вистинскиот пат и час поскоро ќе биде членка на ЕУ, оценува Каевски.

Слични содржини