229
Нигериската агенција за борба против дрогата заплени рекордни 1,8 тони кокаин во вредност од 278 милиони долари во магацин во Лагос, објави денеска АП.
Уапсени се пет лица, меѓу кои и управителот на магацинот, а заплената е извршена во неделата, соопшти Националната агенција за борба против дрогата.
Кокаинот бил пронајден во складиште во затскриен имот во регионот Икороду, кога нарко картелот се обидувал да ја дистрибуира дрогата во Европа, Азија и други делови од светот.