Во ноември издадени 304 одобренија за градење

Бројот на одобренијата за градење во ноември 2025 година е зголемен за 16.9 % во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Македонија се подготвува за изградба на 761 нов стан, откако во текот на ноември надлежните институции издадоа 304 одобренија за градење. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во ноември е регистриран пораст на бројот на издадени одобренија за градење од речиси 17 % во споредба со истиот месец претходната година.

Бројот на одобренијата за градење во ноември 2025 година е зголемен за 16.9 % во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во ноември 2025 година се издадени 304 одобренија за градење, што е за 16.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 400 888 илјади денари, што е за 27.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 ( 68.4%) се наменети за објекти од високоградба, 34 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 62 (20.4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 304 објекти, на 162 (53.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан со вкупна корисна површина од 67 767 м2.

Во ноември 2025 година:

* Најмногу одобренија за градење, 208 , се издадени за високоградба
* Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 110
* За изградба се предвидени 761 стан