Во Њујорк понудија сендвич “облакодер“

од Vladimir Zorba
442 прегледи

Највисокиот сендвич во светот беше нареден вчера од родениот во Тексас Ирвин Адам во Њујорк.

5126984Мајсторот искористи неколку кутии сенф и колбаси и 60 парчиња леб. Кулинарската творба мораше да издржи една минута без да се распадне, за да се победи светскиот рекорд.

Тоа беше втор успешен обид на Адам. Претходно тој нареди сендвич од 44 парчиња леб, но неговиот обид со 80 парчиња не успеа.

Прехранбените производи кои се користат во експериментот, беа обезбедени за засолништа во Њујорк.