Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Охрид, 12 октомври 2024 (МИА) – Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

– За жал, Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска кој беше еден од панелистите на вчерашниот форум за културна дипломатија што се одржа во Охрид, денеска ненадејно почина, информираат од Канцеларијата на Иванов.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Слични содржини