Во Охридското езеро се испуштаат фекалии, но загадувањето не предизвикува големи промени во класата на водата, велат од ИЈЗ

од Nikola Popovski
693 прегледи

Институтот за јавно здравје излезе со извештај, откако изврши мониторинг на квалитетот и безбедноста на површинските води за капење на Охридското езеро. Според она што е нотирано, може да се забележи дека приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба.

-Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото, наведуваат од ИЈЗ.

Исто така во извештајот стои дека присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи. Но, бидејќи станува збор за Езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата, тврдат од ИЈЗ.

Во однос на микробиолошките параметри, квалитетот на примероците површинска вода се класификацираат како „одлична“ во поголемиот дел од мерните места. Квалитетот на примероците површинска вода од мерните места Пристаниште (плажа), Градска плажа Мизо, Андон Дуков (плажа), Машка и Женска плажа Струга, хотел Бисер Струга (плажа), с. Калишта Струга (плажа), Радожда Струга (плажа), камп Ас Струга (плажа), се оценуваат како класа „добра“.

Слични содржини