Во ОЈО пристигнаа обдукциските наоди за Вања и Панче

од Nikola Popovski
808 прегледи

Основното јавно обвинителство информира дека кај нив пристигнале обдукциските наоди за убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес. Со анализа на наодите ќе треба да се дојде до причините како биле грабнати и ликвидирани двете жртви.

Резултатите се чекаа повеќе од две недели, а како што претходно посочуваа од ЈО, не станувало збор за обична обдукција и се чекало да бидат завршени поголем број анализи. Повеќе детали од Обвинителството, ниту тогаш, ниту сега не се откриваат во интерес на истрагата која се води.

Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023, и според МВР, во потрагата по неа биле вклучени стотина полициски службеници, биле прегледани снимки од 50-ина камери и направени голем број информативни разговори. Безживотното тело на Вања беше пронајдено пред недела дена, во близина на скопското село Бразда. Нејзиното исчезнување го пријави нејзината мајка, а во потрагата се вклучија и надлежните институции и голем број граѓани.

Заднината на случајот со Ѓорчевска била да се изнудат пари од мајката на Вања, бил вмешан и член на семејството, а организаторот на сето тоа е и извршител на убиството.

За првоосомничениот, Љупчо Палевски-Палчо се чека да биде екстрадиран од Турција.

Слични содржини