154
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео обраќање ги повика граѓаните да предложат свои идеи и проекти во следните две недели за време на отворените денови од 11 до 14 часот во општините каде што градоначалниците се од нивната партија.
Граѓаните ќе можат проектите да ги предложат и онлајн на budzet.mk.
„Ве повикуваме да се вклучите и да придонесете со Вашите идеи во реализацијата на промените. Буџет од народот за народот“, напиша Мицкоски.