Движењето за реформи – ДПА е запишана како политичка партија во Основниот суд во Тетово.

На прес-конференција во Тетово законскиот застапник и адвокат на Движењето за реформи – ДПА Абедин Абдули информира дека денеска е испратено решението за објавување во Службен весник на Република Македонија од каде по поминувањето на законскиот рок очекуваат новата партија да биде регистрирана во Единствениот регистар на политички партии во Основен суд Скопје 2.
Движењето за реформи – ДПА произлезе од ДПА раководена од Мендух Тачи откако струшкиот градоначалник Зијадин Села со неговите истомисленици се одвоија од ДПА. Откако нивните обиди за добивање на правото за користење на постојните симболи и името на ДПА не беа прифатени од надлежните органи тие започнаат со процесот на регистрација на нов политички субјект.
Познавачите на сосотјбите велат дека ова ќе биде теѓок удар за Мендух Тачи, кој не успеа да ја додржи партијата, по смртта на идеологот на партијата Арбен Џафери. ДОА се распаѓа, некако по ист пат како и кога се создаде преку преполовувањето на тогашната базична ПДП, кога Тачи и Џафери ја преполовија а многу бргу потоа ПДП се подели уште еднаш и пропадна.
На ДПА ова и е второ цепење, по одвојувањето на Руфи Османи , кој повлече дел од гостиварскиот огранок., Сега ова е второ големо цепење кога на Тачи му остануваат само тој и неговите бизнис сопартијцикои функционираат преку политичките кокетирања со секоја власт, и нешто малку партиски истомисленици.ДПА на Села се очекува да повлече доста гласови од албанскиот кампус, особено поради слабиот Тачи и ДПА и лошиот Ахмети и ДУИ на терен.