Во отпадните води во Франција нивото на ковид повисоко отколку во вториот бран

од Stefanija Kuzmanovska

Примероците на отпадни води во Франција покажаа дека во некои градови, трагите од коронавирусот се над нивоата забележани за време на вториот бран на епидемијата наесен, објави „Ројтерс“.

Новата мрежа на Франција „Обепин“ континуирано собира примероци од градските цевки за отпадни води во скоро 50 станици за отпадоци и ја објавува количината на генетски материјал од вирусот САРС-Ков-2, кој предизвикува ковид.

Што се однесува до градовите во кои се достапни податоци од пролетта 2020 година, може да се види јасна релација на примероците со бројот на позитивни случаи и тоа дава сигнали за рано предупредување.

„Во Лил, Марсеј, Стразбур гледаме сериозно зголемување, додека во регионот на Париз, ситуацијата е претежно под контрола“, рече Винсент Маршал, од универзитетот Сорбона и ко-основач на мрежата „Обепин“.

Слични содржини