
Имаше времиња во кои Европската централна банка (ЕЦБ) беше на мислење дека треба да го остават својот прв дом – 40-катната Eurotower во Франкфурт и да се пресели.
Сепак по финансиската криза од 2008 година, ЕЦБ вработи над 1 000 дополнителни работници, поради што мораше да употреби и уште две нови централи, изградени во 2014 година, како и обновената Eurotower.
Прашањето сега е дали ЕЦБ и другите регулаторни органи и самиот град Франкфурт ќе можат да се соочат со приливот на банкарски активности, кој се очекува по брегзит. Се уште е премногу рано да се каже колку банки ќе дојдат, но изгледа дека многу порано Фрнакфурт ја презеде иницијативата во свои раце пред своите конкурентите, како што се градовите Париз и Даблин
Бројните надзорни органи, вклучувајќи ја ЕЦБ, на германските власти и на европскиот осигурителниот регулатор, се една од причините поради која финансиската престолнина на Германија се издвојува како очигледен кандидат да прифати други банки кои може да го напуштат Лондон по одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ. Пристигнувањето на ЕЦБ во 1998 година ги зајакне претензиите на Франкфурт да биде финансискиот центар на еврозоната, а во регионот во моментов има 155 странски банки. Сите големи германски банки имаат канцеларии во градот.
Франкфурт сака да гое искористи брегзит велио регионалниот министер за економија Тарел Ал-Уазир, која ги предводи делегациите кои дискутираат за можностите за банки, кои во моментов се во Велика Британија. Во овие делегации се вклучени уште претставници на Централната банка на Германија, која исто така е базирана во Франкфурт.
Сепак, речиси 20 години по создавањето на ЕЦБ, разликата помеѓу обемот на финансискиот сектор во германскиот град и во Лондон останува огромна. Во Франкфурт има 75,000 вработени во областа на финансиските услуги, додека во Лондон тие се меѓу 400.000 и 700.000 (според различни проценки).
Лондон е глобален град, додека чувството за Франкфурт е дека тој е провинциски град. Движењето со велосипед од Eurotower во центарот на градот до новата централа во Остенде трае околу 15 минути – за истото време во Лондон со метро од Канаритекарпата Уорф доаѓате до Банк стејшн.
Самиот Франкфурт има околу 730.000 жители, што е помалку отколку во англискиот град Лидс. За добро платени работници најпопуларни области во Франкфурт се Вестенд (Западниот крај), кој се наоѓа во рамките на центарот на градот дод Eurotower и другите небодери во градот, а малите гратчиња се на север од финансискиот центар.
Цените во Вестенд последните неколку години пораснаа.
Една од предностите на градот е дека има повеќе од доволно канцелариски простор, за да ги прифати очекуваните 10.000 финансиери кои се главните мамки за лобистите овој градот да стане нов мега финансиски центар попреговорите околу брекзит.
“Има канцелариски простор на периферијата на градот, како и планови за изградба на многу нови згради. Ако една банка навистина сака да го смени местото може привремено да најде решение на периферијата на градот, а потоа да се преселат во него. “Еден од проблемите може да биде образованието на деца на новодојденците.
Во регионот има институции кои нудат обука. Во некои кругови има скептицизам во однос на тоа колку голем импулс ќе даде брекзит на Франфурт. За разлика од Лондон, кој нуди голем број на различни финансиски услуги, активностите во Франкфурт е фокусирана главно на банкарството.
Според некои тоа ќе остане така. “Во Лондон има разновидност. Франфурт е банкарски центар, не е центар за управување со средства, не е центар за осигурувањ
Тука само се најголемите банки во Германија “, вели Мајкл Мајна, претседател на експертската група Z / Yen Group. Меѓутоа има еден конкретен фактор кој не е во корист на Лондон. Според Мајна лиценцата за развивање на активности во Германија, а оттаму и во останатиот дел од ЕУ, е најпривлечен за банките, кои, кои имаат потреба од центар за операциите во регионот. “Ако сте бразилска или кинеска банка, колку билатерални договори би сакале да склучат – 27 или само едно?” Прашува тој.