325
Станот во аргентинскиот град Росарио, каде е роден најпознатиот револуционер Че Гевара, од пред неколку дена е ставен на продажба.
Бизнисменот, кој е негов сегашен сопственик, наводно банкротирал поради коронавирусот, па тој веќе не е во состојба да се грижи за овој вреден имот.
Неговата идеја била да го претвори станот во музеј посветен на Гевара, но за жал тоа никогаш не успеал да го оствари. Таа задача може да им падне на надлежните од градот Росарио, доколку се подготвени да издвојат буџет.