Во петок комеморација за Бабиќ во Драмски театар

од Nikola Popovski
132 прегледи

На 28-ми октомври (петок), Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ.

Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.

Комеморацијата ќе започне во 12:00 часот, информираат од Драмски театар.

Прочитајте повеќе: