Во пијаното на Џорџ Харисон најдоа непознат негов текст

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Оливија Харисон, вдовицата на гитаристот на The Beatles Џорџ Харисон, откри непознат текст на песна напишана од нејзиниот сопруг, соопшти американската телевизија Еј Би Си. Работната верзија беше пронајдена случајно во пијаното на музичарот. Песната се вика Hey Ringo и е посветена на друг “Битлси” и пријател на Харисон – тапанарот Ринго Стар.

Оливија изјави дека откритието се покажало како изненадување како за него, така и за самиот Ринго.

“Ќе ги ставам во рамка под стакло и ќе му го подарам”, рече таа.

Во песната има такви редови: “Еј, Ринго, постои едно нешто за кое никогаш не сум зборувал: сметам дека ќе свирам на гитара со тебе додека умрам”.

Според вдовицата Ринго Стар останал многу трогнат и среќен кога ги прочитал.

“Тој беше мојот најдобар пријател”, споделил Ринго.

Групата The Beatles беше основана во 1960-та и опстои 10 години. По распаѓањето на сите четворица музичари Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар почнаа самостојни музички кариери.Двајца од нив веќе не се меѓу живите. Солис, композиторот и гитаристот на ливерпулската четворка Џон Ленон беше убиен на 40-годишна возраст од фанатик во 1980 година при излегувањето од неговиот дом во Њујорк.

Бас гитаристот Џорџ Харисон почина во 2001 година од рак, тој имаше 58 години. Списанието “Ролинг Стоунс” ги стави The Beatles на прво место на листата на најголемите изведувачи на сите времиња, а албумот на групата Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band го предводи рејтингот на најдобрите албуми за сите времиња според верзијата на списанието.

Со бројот на композиции, окупаторите на првите места во хит-парадите, “Битлси” се лидери како во Велика Британија, така и во САД за целата историја на рок-музиката.

Групата е добитничка на 10 награди “Греми”. Списанието “Тајм” ја вклучи меѓу највлијателните личности на дваесеттиот век.