ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН почна да работи на плановите за следната сезона, прва во која по пет години треба да состави тим без Килијан Мбапе. Светските медиуми пишуваат дека заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид е завршена работа, а клубот се уште бара начин да го убеди да остане, но тој работи и на план „Б“, кој изгледа се повеќе ветувачки.
Најголема желба на клубот е доаѓањето на Ерлинг Халанд и за тоа веќе се информирани челните луѓе на клубот. Норвешкиот напаѓач минатата сезона се споменуваше како можно ново лице во Париз, но акцијата тогаш пропадна, а речиси сигурно ќе продолжи и во претстојниот преоден рок. Тие го гледаат Халанд во клубот како единствената вистинска можна замена за Мбапе, стрелец на 152 гола и асистент на 77 од нив во 201 одигран натпревар за клубот.
Според „Л’Екип“, ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Халанд, Мино Рајола, а доколку успее да ги одврати интересите на другите клубови, се очекува зделката да биде склучена со трансфер од приближно 90 милиони евра. Работата за ПСЖ допрва треба да започне.
Откако Маурисио Почетино ќе му ја остави клупата на Зинедин Зидан, а Мбапе своето место на Халанд, клубот ќе се сврти кон доведување на нови играчи. На таа листа на желби се издвојуваат Пол Погба и Лукас Пакета.