Во „Playboy“ на 67

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Актерката Џејн Симур позираше за „Playboy“ на 67- годишна возраст, откако така стана највозрасната жена која застанала пред објективот на машката библија. Веста ја соопшти самата таа во својот Инстаграм профил, а дел од статусот нејзин под сликата гласи: „… на 67 години се чувствувам подобро од било кога“. Само за неколку часа постот нејзини собра над 7 илјади лајкови.

Тоа воопшто не е првата појава на актерката во легендарното издание на покојниот Хју Хефнер. Претходните нејзини две фотосесии се од 1973 и 1987 година. Џејн Симур позната и како една од девојките на Џејмс Бонд (од 1973 година, каде Бонд е Роџер Мур) тврди дека денес се чувствува посекси отколку во почетокот на кариерата, иако сфаќа дека на нејзина возраст, жената обично е „невидлива и незабележителна“.

„Се чувствувам удобно во својата кожа, но не сакам на никого ништо да докажувам“, изјави таа во интервју во списанието.

Слични содржини