До Квон, човек познат на пошироката јавност како крал на криптовалутите, е уапсен на аеродромот во Подгорица, објави министерот за полиција на земјата, Филип Аџиќ, пренесе „Нова.рс“.
Квон е јужнокорејски државјанин кој е обвинет за крипто измама која чинела околу 200.000 луѓе 40 милијарди долари и е под црвена потерница на Интерпол. На крајот на минатата година меѓународната заедница се сомневаше дека тој се крие во Србија, поради што јужнокорејските власти побараа соработка од српските колеги, но Квон на крајот беше уапсен во Црна Гора.
Како што соопшти црногорскиот министер за полиција, во Подгорица е уапсен еден од најбараните бегалци во светот – До Квон.
„Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, ко-основач и извршен директор на Terraform Labs со седиште во Сингапур. Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од повеќе од 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а него го бараат и Јужна Кореја, САД и Сингапур“, напиша Аџиќ.
Тој сега најверојатно ќе биде екстрадиран во државата чиј државјанин е, а за ова црногорската полиција ќе ја информира јавноста во наредните денови.
U PODGORICI UHAPŠEN JEDAN OD NAJTRAŽENIJIH SVJETSKIH BJEGUNACA
Crnogrska policija lišila je slobode lice za koje se sumnja da je jedan od najtraženijih bjegunaca, južnokorejski državljanin Do Kwon, suosnivač i izvršni direktor Terraform Labs sa sjedištem u Singapuru.
1/2— Filip Adzic (@filip_adzic) March 23, 2023