Во подготовка четвртиот и петтиот дел од акционата франшиза Џон Вик 

од Stefanija Kuzmanovska

Филмското студио „Лајонсгејт“ потврди дека акционата франшиза Џон Вик ќе го добие својот петти дел.

Веста пристигна вчера од првиот човек на куќата, Џон Фелтхајмер, кој посочи дека петтиот дел од филмот ќе биде снимен паралелно со четвртиот, чие објавување е планирано за 27 мај 2022 година.

Снимањето треба да започне на почетокот на следната година, а неговиот точен почеток зависи од обврските на првата ѕвезда на филмот – Киано Ривс.

Слични содржини