Во полицијата пријавени оштетувања на 10 возила и кровни конструкции на два објекта од невремето

од desk4
152 прегледи

   Сообраќајот по улиците во Скопје по невремето  е нормализиран. Пренасочувања имало кај кружниот тек кај Континентал и на улица „Цветан Димов“. Пријавено е оштетување на 10 возила. 

Од Министерството за внатрешни работи не информираа дека кај Континентал пренасочувањето било поради заглавено возило, а на улицата „Цветан Димов“ поради паднато дрво на коловозот.

Од невремето во полиција е пријавено оштетување на кровни конструкции на објекти на ул. „Владимир Комаров“ и Карл Либкнехт“.

Во полицијата се пријавени оштетувања на 10 возила.