Во Полска се урна воен дрон

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Воено извидувачко беспилотно летало се урна во вторникот вечерта во југозападна Полска, јави приватната телевизија RMF FM.

Дронот бил пронајден во шумата во близина на селото Трзебиен, откако случаен минувач ги повикал службите за итни случаи и рекол дека видел предмет како паѓа во областа, соопштуваат од RMF.

Нема жртви, не е јасно од каде дошол дронот

Областа каде што се урна дронот е во близина на центар за воена обука. Александар Кучарчик од противпожарната служба во Вроцлав за RMF изјави дека во инцидентот нема повредени и дека претставникот на армијата му рекол дека станува збор за извидувачки дрон.

Не е јасно од каде потекнува дронот.

Слични содржини