Во понеделник или вторник ќе се знае новата цена на парното

од Nikola Popovski
265 прегледи

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информира дека до крајот на месецов ќе се донесе одлуката за цената на парното.

-Понеделник или вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на топлинската енергија бидејќи завршув 2023 година. Она на што инсистиравме и баравме последните четири месеци е исполнето. Започнаа активности на мостот „Беласица“. При носењето на одлуката ќе одиме со претпоставка дека мостот е целосно во функција и со таа енергија од ТЕ-ТО ќе влеземе во нашите калкулации, рече денеска Бислимоски.

Нагласи дека РКЕ нема да дозволи никакви ценовни шокови.

-Вообичаено има инфлација, зголемени трошоци за набавка на одредени материјали како што е во сите индустрии, но најголемиот трошок се однесува на цената на природниот гас и на топлината која треба да се набави од ТЕ-ТО. Во најголем дел при носењето на одлуката за цената ќе бидеме сконцентрирани токму на овие трошоци. Со оваа одлука треба да се врати и заемот што го даде Владата во јануари 2022 година. Дали заемот ќе го вратиме одеднаш или на одреден период зависи како ќе изгледаат резултатите за крајната цена, прецизира Бислимоски.

Слични содржини