Во последните 12 часа – до 20 часот вечерва – во Крива Паланка наврнало навистина огромно количество дожд – дури 64 литри на квадратен метар.
Тоа е повеќе од три пати од следниот град на списокот – Прилеп, каде наврнале 20 литри на м2. Во Тетово наврнале 14 литри, во Скопје-Петровец 9, Штип 5, Берово 2, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од таму сепак напоменуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.
„Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, се вели во објавата.
Попладнево речиси целата територија на земјава беше на удар на силен дожд, со ветер и грмотевици, а на многу места паѓаше и град.