Во последните 24 часа кренати борбени авиони и упатени воени бродови – што се подготвува?

од Симе Стоиков

Точно 36 кинески воени авиони се откриени околу Тајван во последните 24 часа, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана, додавајќи дека тоа е најголемото распоредување регистрирано оваа година.

„13 авиони ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец“, соопшти Министерството, алудирајќи на неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван, која Пекинг не ја признава.

Во последните 24 часа, тајванското министерство откри и шест воени бродови кои пловеа околу островот.

Тајванските власти синоќа соопштија дека откриле 20 борбени авиони, беспилотни летала и транспортни авиони.

Тајван е автономен остров за кој Пекинг тврди дека е дел од неговата територија и сака да го врати.

Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок врз островот по изборот на претседател Цаи Инг-вен во 2016 година. Таа не ги призна претензиите на Кина за островот.

Набргу по претседателските избори на 13 јануари оваа година, на кои победи актуелниот потпретседател Лаи Чинг-те, на кој Пекинг не гледа позитивно, беше забележан бран на активности.

Слични содржини