Во потрагата по исчезнатата Данка се вклучи и словенската полиција

од Сенада Ибраимова

Во потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор, која на 26 март исчезна во населбата Бањско Поље се вклучи и словенската полиција.
Како што пренесува словенскиот портал 24UR, секој кој има некаква информација за исчезнатото девојче може да пријави во полиција.
„Доколку имате било каква информација, можете да се јавите на словенечкиот полициски број 113“, соопштија од полицијата.
Двегодишната Данка исчезнала на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а во моментот на исчезнувањето била облечена во виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.
Девојчето има кафена коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри.
По анализата на се што е досега направено во потрагата по двегодишната Данка Илиќ, истрагата на територијата на Србија е проширена и во Австрија, а Интерпол распиша жолта потерница.
Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Слични содржини