Во потрагата по Петар се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување

од Берта Китинска
710 прегледи

Од денеска во потрагата по детето Петар Џобоски се приклучи и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

-Во потрагата се ангажирани седум припадници на ДЗС од кои четири од Тимот за брз одговор за спасување од планини од ПОЗС – Битола, еден припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС – Прилеп и двајца вработени од Секторот за оператива и логистика, соопшти ДЗС.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека продолжуваат со интензивната потрага по детето за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп, информираат од министерството.

-Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, велат од МВР.

На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото Врбско за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

Слични содржини