297
Осум лица загинаа, меѓу кои шест деца, кога пожар зафати десетици куќи во близина на филипинската престолнина Манила, соопштија локалните власти.
Пожарот уништи 80 куќи, пренесе Би-Би-Си.
Пожарот избувнал на вториот кат од куќа во густо населена област во големиот кампус на Универзитетот на Филипините, во Кезон Сити.
Засега не е позната причината за пожарот кој брзо се проширил.
Филипините се една од најгусто населените земји во светот. Илјадници луѓе живеат во пренаселени населби, каде пожарите се чести.