Во голем пожар во складиште за контејнери во близина на пристанишен град во југоисточниот дел на Бангладеш загинаа најмалку 38 лица, а повеќе од 150 лица се повредени, објавија денеска официјални лица и локални медиуми.
Пожарот избил во складиштето за контејнери во саботата вечерта во Ситакунда, 40 километри од пристанишниот град Читагонг, предизвикувајќи повеќекратни експлозии на контејнери, соопштија официјални лица, пренесува „Ројтерс“.
Меѓу загинатите има најмалку пет пожарникари, а уште 15 се лекуваат од изгореници.