Најмалку 11 новороденчиња го загубија животот во пожарот во неонаталното одделение на регионалната болница во градот Тивауан во Сенегал, соопшти претседателот на таа земја, Маки Сал.
Според прелиминарните резултати од истрагата, причина за пожарот е краток спој, изјави за локалната телевизија министерот за здравство на Сенегал, Андулаје Диуф Сар.
Претседателот Сал, кој е во државна посета на Ангола, упати длабоко сочувство до мајките и нивните семејства, пренесува „Ројтерс“.