Во пожар во хостел во Москва загинаа осум лица

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Осум лица загинаа, а три се повредени во пожар во хостел во југоисточниот дел на Москва, јавуваат руските агенции.

Пожарот избувнал на првиот кат од шеснаесеткатницата во која се наоѓа хостелот, јавува „Интерфакс“, а „РИА Новости“ пренесува дека причина за пожарот, според прелиминарните информации, е дефект на електричната опрема.

Службите за итни случаи известија дека жртвите починале најверојатно од труење со јаглерод моноксид.

Слични содржини