Во пожар во куќа во Тетово загинаа мајка и четири деца

од desk2
92 прегледи

Трагедија во Тетово. Во пожар во куќа загинале мајка и четири малолетни деца. Според информациите, пожарот избувнал ноќеска околу 3.30 часот, а бил зафатен покривот и горниот кат од двокатната куќа, каде спиеле децата и мајката.

Тие не успеале да побегнат од опожарениот дел и починале.

На лице место е јавен обвинител и се врши увид на местото на пожарот.