Најмалку 96 лица загинаа во пожарите во Грција од крајот на јули, објави АП. Последната жртва е 68-годишен маж кој почина од раните во болницата.
Повеќе од 10 други повредени пациенти се уште се во болница.
Потсетуваме дека во Грција на 23 јули имаше неколку големи пожари, главно во Атика . Со 40 степени на топлина ситуацијата беше искомплицирана од силен ветер – до 12 бали на скалата Беофорт, што значеше дека пожарот беше неконтролиран Резултатот од катастрофата беше десетици изгорени (96) , а скоро 190 беа повредени.
Сеуште трае истрагата за причините за пожарот, иако дел од потпалувачите се уапсени, а следуваа и оставки на дел од одговорните.
