Во прекин патничкиот железнички сообраќај кон Грција

од desk3
68 прегледи

g_voz-mk
Поради штрајк на Грчките железници патничкиот железнички сообраќај кон Грција од девет часот изутрината е во привремен прекин, а без проблеми се одвива товарниот превоз.

Од Железничката станица во Гевгелија информираат дека патничкиот сообраќај се одвива до Гевгелија и до Идомени на грчка страна.

До завршувањето на штрајкот, според најавите во вечерните часови, патниците се превезуваат со автобус, велат од гевгелиската Железничка станица