Во прекин сообраќајот на патот Богданци – Гевгелија поради тешка сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Сообраќајот на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, од 19:45 часот е во прекин во двата правци, поради сообраќајна несреќа. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот се пренасочува преку село Богородица.

Центарот за управување со кризи соопшти дека од Рeгионалниот ЦУК Струмица потврдиле дека поради тешка сообраќајна несреќа, што се случила вечерва патниот правец Гевгелија-Богданци е затворен за сообраќај.

ТППЕ Гевгелија е излезена со едно против пожарно возило и тројца пожарникари, како и екипа на Полициската станица Гевгелија кои вршат увид на местото на настанот, наведуваат од ЦУК.

Слични содржини