246
Клубовите од Премиер лигата на Англија потрошија рекордни 430 милиони фунти за нови играчи во јануарскиот преоден рок, кој затвори вчера.
20-те клуба направија договори меѓу себе за 150 милиони фунти, што исто така е историско достигнување.
Повеќето од трансферите беа направени од „големата шестка“ – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.
Најскапата зделка е 75 милиони фунти кои Ливерпул ги плати на Саутемптон за Вирџил ван Дајк, што е и рекордна сума за дефанзивец.