Министерот за јавна администрација, Горан Минчев ги поништи одлуките на неговиот претходник Алити и ги коригираше процентите во балансерот.
-Измените се направени согласно законот, тврди Минчев и посочи дека отсега во пресметките на годишните планови за вработувања во јавниот сектор ќе биде вклучено само резидентното население во државата.
Во следниот период, ќе се донесат измени на предложените закони за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, на кои ќе им претходи широка јавна дебата во која ќе се вклучат сите засегнати страни.
Во Министерството за јавна администрација се пристигнати околу 120 годишни планови за вработување на институциите од јавниот сектор.
Во минатото балансерот бил често злоупотребуван за што, Минчев најави ревизија.
Измената на процентите во балансер алатката предвидува усогласување и тоа на Македонци од 54,21 отсто на 58,44 проценти, Албанци од 29,52 проценти на 24, 30 проценти, Турци од 3,98 проценти на 3,86 проценти, Роми од 2,34 проценти на 2,53 проценти, Срби од 1,18 проценти на 1,30 проценти, Власи од 0,44 проценти на 0,47 проценти и Бошњаци од 0,87 на 0,87 проценти.
Владата најави дека укинувањето на балансерот ќе се одвива во неколку фази.