Во пресрет на премиерата на документарецот: Зошто НИКОГАШ повеќе нема да го видме МИХАЕЛ ШУМАХЕР?

од Vladimir Zorba

Ако кошарката го има Мајкл Џордан, Формула 1 го има својот Михаел кого многумина го сметаат за најдобар возач на сите времиња.

Со седум шампионски титули покрај своето име, Михаел Шумахер беше недостижен повеќе од една деценија како возач со најмногу титули во Ф1, додека Луис Хамилтон минатата година не го израмни тој рекорд.

Сепак, и покрај тоа, многу фанови ќе продолжат да тврдат дека Шуми е недопирлив кога станува збор за „сувиот талент“.

Денес, 15 септември, документарниот филм „Шумахер“ ќе го види светлото на денот на Нетфликс и гледачите, како што беше најавено, можат да очекуваат „интимен портрет“ на иконата на Формула 1 преку архивски снимки и бројни интервјуа со неговото семејство, пријатели и колеги од Ф1.

Исто така, документарниот филм ќе понуди увид во тркачката кариера на Шумахер и ќе ги информира гледачите како се чувствува легендарниот возач по ужасната скијачка несреќа по која тој беше „прикован за кревет“ речиси осум години, а информациите за неговата здравствена состојба стигнуваат „на лажица“.

Во годините по речиси фаталната несреќа додека скијаше на француските Алпи, неговата состојба беше под строг превез на тајност. Сето ова ги натера сите што го сакаат и го следат Шумахер да се сомневаат во неговото закрепнување.

Едно од најновите „ажурирања“ дојде од Жан Тод, поранешен шеф на Ферари и близок пријател на Шумахер, кој изјави дека „Михаел преживеал благодарение на грижата на неговата сопруга Корина“.

Покрај изјавите на Тод, позната е и изјавата на неговото семејство по повод 50 -тиот роденден на Шуми (2019), во која се наведува дека „тие прават се за да ја одржат легендата во Формула 1 во живот“, како и дека „самиот Мајкл инсистира на тоа неговата состојба да остане приватна работа“.

Една година подоцна, неврохирургот Ерик Редерер изјави дека „Шумахер е во вегетативна состојба“, а потоа додаде два охрабрувачки факти: може да седи и да прави „бебешки“ чекори. Но, за жал, како што рече, ништо повеќе од тоа.

Во текот на 2020 година, се зборуваше дека третманот со матични клетки може да го „регенерира“ нервниот систем на Шумахер, како што изјави друг неврохирург, Никола Акијари.

Во секој случај, третманот беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Слични содржини