Во претходните 11 години производството на струја во Србија е намалено, домаќинствата најмногу трошат

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Во претходната деценија, производството на електрична енергија во Србија се намалило од 38.600 gWh, колку што биле произведени во 2011 година, на 38.235 gWh, колку што било производството во 2021 година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС), објавени во публикацијата Трендови, трет квартал од 2022 година.

Според овие податоци, производството во хидроцентралите во овој период се зголемило од 9.243 gWh во 2011 година на 11.984 гигават часови лани, додека производството во термоцентралите, каде што вообичаено се произведува најмногу електрична енергија, е намалено за околу две третини, од 28.672 на 23.734 гигават часови.

Првите количини произведена електрична енергија во соларните централи се забележани во 2014 година и изнесуваат шест гигават часови, а лани ова производство изнесувало 14 gWh.

Слични содржини