Во Прилеп казнет возач со 4,55 промили алкохол

од Radmila Tasevska
227 прегледи

Во сообраќајна контрола на полицијата ноќеска на подрачјето на СВР Битола биле казнети 58 возачи. Меѓу нив е и возач во Прилеп кај кого биле измерени 4,55 промили алкохол.

Како што соопшти МВР, засилената акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол била спроведена од 23 до 5 часот.

-При контролата се санкционирани 58 возачи, од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, шест во Крушево, пет во Македонски Брод, тројца во Ресен и двајца во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека акциските контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини